Интересна е историјата на оваа метода. Првите обиди за култивирање на парчиња ткаенини и одделни клетки во вештачка средина (in vitro "во епрувета") датираат уште од почетокот на дваесеттиот век, кога германски научници спроведуваат лабораториски истражувања во таа насока. Хаберланд - познат специјалист за ботаника и физиологија на растенијата, прв спроведува слични истражувања; макар што не завршуваат со успех, тој останува првиот, кој јасно ја формулира идејата за одгледување на одделни растителни клетки во стаклени садови и врз вештачка хранлива средина. Ова всушност е првата фаза од раѓањето на оваа важна наука. Карактеристични за 30-те години на минатиот век се не толку практичните успеси, колку пребарувањата на оптимални услови на одгледување, балансирани хранливи раствори, соодветни методи за индукција на раст, делење и диференцирање на растителни клетки и ткива, како и формулирање на водечките идеи, претворени во темел врз кој започнува понатамошниот развој на овој биолошки правец. По повеќе обиди, Французинот Роже Готре во 1933 година успешно култивира паренхим од корени и кртола и камбијални ткива од дрвенести растенија врз вештачка хранлива средина. Речиси во исто време и независно од него, Американецот Филип Вајт успешно развива метода за долготрајно in vitro одгледување на коренски меристем од доматени растенија. Овие две истражувања го бележат почетокот на еден бурен развој на методата на ткивните култури и соодветно двајцата научници со право се сметаат за негови основачи. .
Од почетокот на 40-тите години на минатиот век досега, методата без прекин се развива и усовршува. Технолошкиот напредок на биологијата и биотехнологијата овозможува целосна методична и техничка обезбеденост на истражувањата, кои се спроведуваат и овозможуваат нивно користење како секојдневна пракса, што е и основа на тековниот напредок на агротехничката наука. .
Основните методи за добивање на ткивни култури се развиени врз релативно мал број на соодветни објекти - петунија, тутун, морков, луцерка, како и врз некои диви растенија. Се разбира, подоцна бројот на растителните видови, вклучени во експериментални in vitro разработки, расте значајно. Познати и опишани се методи за култивирање во вештачки хранливи средини на повеќе од 850 растителни видови. Обидите покажуваат дека утврдените како потребни за еден вид услови не секогаш се пренесуваат успешно врз други видови, така што за секој вид - а често и за одделни сорти - се потребни модификации на основната методологија. Инаку кажано - експериментите и практичните апликации во ткивните култури се неделиви еден од друг и во оваа област ќе има уште многу откритија. Ткивните култури се користат како во основните општо биолошки студии, така и во селекцијата и одгледувањето на растенија. Растителните делови кои се култивираат in vitro се: меристем, растителни органи (зародиши, пупки од цвеќиња, семе пупки, заврзи, семиња, полен, корења, лисја, делови од стебла), калус (кој може да се индуцира кај секој дел од растението) и клетки. Во однос на перспективите кои се поврзани со користење на ткивните култури при одгледувањето на паyловнија, достигнувањата во одгледувањето на растенија и селекцијата се особено важни.
Основи на микроразмножувањето
Базните технолошки моменти од циклусот на микроразмножувањето се поврзани со точно одредени фактори:
- сорти и видови особености на растението, кое се размножува
- рок за земање на експлантанти
- стерилизација на излезниот растителен материјал
- состав на хранливите средини
- услови на одгледување
- адаптирање на микрорастенијата кон условите на околината
Исклучителноважно е да се одреди точниот рок за донесување експлантанти, во согласност со физиолошките карактеристики на растителниот вид. При паyловнијата воведувањето во стерилна култура се врши за време на активната вегетација на растението.
Од клучно значење за целиот процес е површинската стерилизација на растителниот материјал. Ако таа биде неуспешна, хранливата средина се загадува и се прекинува целиот технолошки процес, бидејќи растенијата загинуваат. Распоредот и концентрацијата на растворите за дезинфекција се одбираат така што да ја потиснат евентуалната габична или бактериска инфекција, а во исто време го остават ткивото на растението неоштетено. Најчесто користени стерилизатори се калциум и натриум хипохлорид во концентрација 5 - 25% и траење на обработка 5 - 30 минути, со подоцнежно постојано плакнење на растителниот материјал со стерилна дестилирана вода. Се разбира, можно е користење и на други стерилизирани. Од суштинско значење за успешното микроразмножување, е составот на хранливите средини во секоја од фазите на развој на растенијата. Хранливите средини содржат неколку состојки во различни соодноси (витамини, органски додатоци, јаглехидрати, макро и микросоли). Развиени се неколку хранливи средини, врз основа на кои се модифицирани и подготви хранливи средини според специфичните потреби на растенијата. Такви се средините на Мурашиге и Скуг, Готре, Вајт, Морел, Скиргин, Гамборг, Кноп.
Во првата фаза на процесот се забележува интензивно зголемување на вегетацискиот врв. Во оваа фаза во хранливата средина освен горенаведените супстанции треба да се содржат соодветни регулатори за раст. Од суштинско значење е нивната концентрација, како и пропорциите во кои се вложуваат. Сепак, процентот на експлантантите кои се прилагодуваат успешно, зависи освен од билансот на хранливите средини, но од големината и времетраењето на нивното донесување. Во фазата на мултипликација (т.е. на забрзано размножување), важно е да се зголеми концентрацијата на точно определени регулатори за раст, за да се предизвика размножување на дополнителни пупки од страна. Со правилно создадени услови, овие пупки даваат почеток на леторасти (мали растенија) кои формираат џбун. Колку леторасти ќе има во еден џбун зависи од една величина која е од особена важност во разгледуваната материја – коефициентот на размножување, кој е различен за секој вид. Постојат техники, со чија помош може да се зголеми вредноста на коефициентот на размножување. Општо кажано , целта на оваа фаза е постигнување на потребниот број на растенија, кој овозможува преминување во следната фаза – вкоренување.
Независно од развиените техники и бројни модификации на секоја фаза од технологијата за микроразмножување, еден од нај тешките и одговорни моменти во целиот циклус останува адаптацијата на добиените in vitro растенија кон условите на животната средина. Независно од тоа, што растенијата се вадат од садови каде се култивираат, по формирање на корени и стебло со потребните димензии и одреден број на листови, секогаш постои одреден процент послаби растенија, кои умират. Оние кои преживуваат и се прилагодат добро, се уште не се подготвени за реализација. Неопходно е да се продолжи со одгледување во објектите за култивирање - различни во зависност од сезоната. Таму тие ги достигнуваат конечните големини, кои ги прават погодни за пресадување така што практично не се разликуваат од добиениот по традиционален начин саден материјал..
Точното познавање на секој чекор од процесот на производство на растенија in vitro, овозможува да се планира секој а од опишаните фази. Во лабораторијата, со која располагаме, се почитуваат сите хигиенски и технолошки услови за правилно одвивање на процесот на микроразмножување. Добрата организација и услови овозможуваат програмирано производство, така што само од едно растение за 52 недели да се добијат не помалку од 200 000 нови растенија со квалитети, целосно идентични со неговите. Наша постојана грижа е посевот да биде еднаков - односно сите растенија да се во ист стадиум на развој и да растат со ист интензитет. Методата на микроразмножување на паyловнија бара добра инвестиција, строго придржување кон задолжителните прописи, вешто познавање на технологијата и грижа за нејзината постојана оптимизација. Спроведувањето на сите овие услови не е лесно, но ние сме убедени дека токму тоа е вистинскиот пат, бидејќи овааметода на репродукција на паyловнија е 6 - 12 пати побрза од традиционалните. паyловнија има голем коефициент на размножување - предност што не можеме да ја игнорираме. Здравиот, ослободен од патогени, саден материјал, кој го добиваме, намалувањето на почетната фаза од развојот на растенијата и постојано помалата површина која се бара, се само дел од придобивките, кои ги обезбедуваме за своите клиенти преку имплементирање на оваа најмодерна засега метода за вегетативно размножување.
Во моментот Велбој ЕООД располага со саден материјал од паyловнија елонгата и паyловнија томентоза. Напомнуваме дека очекуваното време за реализација и испорака зависи од големината и видот на вашата нарачка. Нарачајте своевремено, за да имате гаранции за навремена испорака!