Макар да не е со претензии,паyловнијата е живо суштество. Таа бара нега и љубов. Во оваа колумна ќе ги опишеме основните моменти во процесот на одгледување на тоа исклучително дрво и ќе се обврземе секој месец да ја дополнуваме со факти и фотографии на процедурите,кои треба да ги извршувате во своите посади.
Сакаме да го одбележиме нашето големо задоволство од одгледувањето на паyловнија. Колку повеќе човекот ја негува,толкува повеќе таа побрзо расте. Задоволство е да се набљудува како младо дрво паyловнија расте нагоре како висок столб само за неколку месеци. Фотографиите подолу го покажуваат растот на паyловнија за 1 година. Висината на паyловнијата на втората фотографија е 5,20 м.
1. Независно од тоа дали се засадени во есен или во пролет,садниците паyловнија започнуваат својата вегетација од средината на април до почетокот на мај. Нормално, најважна улога има температурата. Можно е при порано затоплување,дрвцата пред време да пуштат филизи. Ако има слани или заладување потоа,е возможно те да смрзнат. паyловнија го надминува смрзнувањето со пуштање на нови леторасти . Овој процес едноставно го забавува развитокот со 15 дни,но не ги убива.
2.Поминавајќи го опасниот период од смрзнување,од последните или подолните пупки на секое стебло се покажуваат обично по два леторасти. Оставете ги да пораснат до приближно десет центиметри и скршете го послабиот. Така вие го формирате идното стебло на дрвото. Процедурата е многу важна кога ја одгледувате паyловнија за дрвесина. Ако ги оставите леторастите,паyловнија станува грмушка.
3. Следува најнежниот и најтежок период за дрвцето:тоа се уште е мало,а тревата расте висока и ако не се исплеви (на рака обично)постои ризик да го намали развитокот на паyловнија или да го загуши. Против житните треви може да се борите и со хербициди,но против широколисните е неопходно отстранување со рака. Добро е, околу младите дрвца да се окопа во радиус од околу 30-40см.
4.Во овој период постои и голем ризик од напад на штетници. Во нашите посеви набљудувавме зелеви молци и слаб напад на белокрилка. Во секоја селскостопанска аптека ќе ви посоветуваат како да се борите со овие штетници. Борбата со нив не е скапа. Кај нас имаше потреба од три прскања во раната фаза на развиток на паyловнија. Кога дрвцата пораснаа над 1 м,започнаа да растат по 5-10 см на ден и инсектите буквално не можеа да им наштетат. Болести во минатата година по нашите паyловнии не се набљудуваа.
5.Колтучење или филизење е процес на отстранување на пораснатите странични издатоци. Тоа се прави со цел да порасне право стебло, без разграноци најмалку до осмиот метар. Немањето гранки,гарантира квалитетна дрвесина без чворови до таму каде тие се отстрануваат. Треба да се внимава да не се кршат лисјата,додека се зелени,затоа што остануваат ранички во стеблото. Овој процес може да се извршува приближно 5 пати во зависност од видот на одгледуваната паyловнија .
Правилното почитување на овие неколку важни чекори,помага да се одгледуваат високи,исправени дрвја,кои се гордост за секој стопанин,кој ги одгледува. Очигледно е, дека колку повеќе напори положите во првата година, толку подобри резултати ќе постигнете во наредните години. .