Макар да е крстено на руската царска ќерка,растението паyловнија има потекло од Кина. Познато е и во Јапонија уште од стари времиња.
И двата народа-практички и во исто време му дале поетски имиња-Измурудено дрво,Императосрко дрво...паyловнија е неделив дел од секојдневниот живот на овие народи -ја користеле за направа на мебели (најскапото нешто во една јапонска куќа- кимоното се чувало во кутии направени од дрвесина на паyловнија),за други предмети за домот,за цели куќи дури. Познато е,дека пожарите се биле најстрашното нешто,кое е можело да се случи на една куќа во ова време. Високиот квалитет на дрвесината од паyловнија – тешко да гори,е создало оваа традиција,зачувана и до денес. Традиција било,ако во куќата се роди девојче,семејството да засади во дворот една паyловнија. Кога девојчето ќе порасне и ќе си најде сопруг,главниот од семејството го сече дрвцето. По тоа време, тоа е навистина големо,а добиената од него дрвесина- доволно квалитетна,за да се изработи од неа убав сандак,во кој младата невеста ќе ги чува своите кимона. Практична и убава- паyловнија е секогаш точен симбол на јапонската култура. И денес во Јапонија има куќи,изработени од дрвесина на паyловнија;таа е скапа за нивните сопственици,затоа што е убава,престижна и без ризик од пожар .
Мебелите од дрвесина на паyловнија често се среќаваат и во Кина. Се прима дека и пред тоа и сега нема кинеска куќа,во која да нема мебели изработени од тоа старо дрво. Се разбира,дека се познати уште многу различни примени на дрвесината од паyловнија. Прочуените музички инструменти ,кои се вистинска тајна за европејците,дојдени за прв пат во непознатите Кина и Јапонија,се само уште едно од нив.Дури богатството на јапонската култура -волшебниците на танцот и песната- гејшите,го користеле растението за засилување на својот шарм. Дел од предметите за шминкање на секоја од нив,била тенка,специјално обработена и исушена гранка од паyловнија,со која тие ги цртале веѓите,создавајќи невидлива моќ на погледот,која и денес не може да се достигне. .
Се разбира,дека не можеме да заборавиме на фактот,дека паyловнија е убаво дрво- со големите мазни како сомот лисја,таа е достојана за украс на секој парк и градина. Во Кина и Јапонија користеното на паyловнија е познато одамна и е национална традиција. .
Всушност доколку паyловнија е поврзана со историјата и животот на овие земји,се разбира од фактот,дека таа е дел од официјалниот политички живот. Јапонците,кои ги сакат естетиката и симболиката,се избрале точно паyловнија за амблема во кабинетот на претседателот на владата -тоа е така наречениот mon – збор,кој се користи за одбележување и потцртување на некое лице или семејна припадност;в суштина блиска по значење на ,,грб” и обврзана со истите знаци. И така- грбот во кабинетот на претседателот на владата на Јапонија претставува стилизиран образ на паyловнија. Едвај ли има покатегоричен начин да се определи националното значење на паyловниа за јапонскиот народ од присуството на Орденот на изгреј сонцето. Тоа е првиот орден на Јапонија,основан во 1875 година,кој се доделува на лица со заслуги кон државата. Не можеме да не споменеме и за присуството на паyловнија во јапонската валута- на монетата од 500 јени уште еден пат е Таа- паyловнија.
Интересен детаљ од јапонското секојдневие е е hanafuda – уникатни карти за игра,со нацртани различни растенија. Во почетокот Hanafuda се користат за различни сложни игри,со кои се забавувале благородниците. Забранети за обичните луѓе,игрите на карти и особено коцката,навлегуваат длабоко во јапонскиот начин на живот со отворањето на Јапонија кон Западниот свет. Картите се опишани од различни автори,а и играта со нив станува популарна и во многу други држави,вклучително и во Јужна Кореја. Макар картите да се нарекувани со различни имиња,во текот на различните епохи и во различни земји,едно нешто останува непроменето -на нив има нацртана паyловнија.Се збори,дека Јакуѕа (јапонската мафија) ги користи,но овој податок не смеевме да го провериме лично .
При своето навлегување во Европа,паyловнија добива уште едно име- Дрвото на Адам – по асоцијација со дрвото на смоквата;согласно легендите првиот човек Адам користел за облека лисја од смоква,а имено на лисја од смокви им личат на европејците лисјата од паyловнија;и Foxglove (во превод "лисичи ракавици") - во Великобританија foxglove flower го нарекуваат дигиталис,поради тоа што местата каде расте дигиталис се омилените места за скривници на лисиците,а цветовите на паyловнија личат на лисјата на растението дигиталис. Така што,секој народ ја нарекува со различни имиња,но и секој народ наоѓа различен начин за користење согласно своите потреби и традиции. Макар да има практички правец европското мислење,не можеме да не потцртаме,дека како украсен вид паyловнија е толкува добро примена и во парковите на Стариот континент,и дека денес не можеме да поминеме без неа. Има паyловнија во многу градови од Европа,вклучително и во Бугарија.
Може би,кога ги гледате сликите од паyловнија,се сеќавате,дека сте сретнале слични лисја во малиот парк во ваша близина или сте се восхитувале на прекрасните цветови во градскиот паек? Навистина веројатно сте се среќавале со паyловнија. Но не сте знаеле,дека тоа е не само уште едно дрвце,а многу повеќе од тоа. Дрво на чудата- собрало во себе минатото на неколку култури,но исто така и Дрво на иднината, за кои квалитети има уште многу да учиме.