wrapper

За жал се уште е тешко да се најде доволно информација за успешното одгледување на паyловнија. Целта на оваа колумна е да се дополни тоа. Се погриживме да ги собереме неопходните податоци и факти- заедно со нашето искуство- да ги претставиме на возможно најлесниот начин.

Во случај да се одгледуваат за добивање на дрвесина, има потреба од високи,прави стебла за време на првата сезона од одгледувањето.


5 годишна плантажа од паyловнија 8 годишна плантажа од паyловнија

Основното,што треба да го знаете,пред да започнете:

Почва. Дрвото не бара определен вид почва,само таа треба да ја пропушта водата,да не биде со глина и да се одводнува слободно. Неопходно е дебелината на почвениот слој да е најмалку 1,5м.Камени,дури и поголеми не се проблем,доволно е под дрвото да нема карпеста плоча на повисоко ниво. Тоа стопира неговиот развиток.

паyловнија не поднесува високи подземни води. Тие треба да бидат на ниво не повисоко од 1,5 м. Обезбедете наводнување на младото дрвце.

Надморско ниво. паyловнија расте добро до околу 800-900 м надморско ниво. Ладното на повисоко ниво не е проблем за томентосот и некои хибриди, кои се отпорни на ладно. Треба да имате во предвид тоа,дека ако садниците се повисоки,пократок е периодот на вегетација за паyловнија, помала е реколтата. Сме саделе паyловнија и на 1200м-дефинитивно расте побавно. Специјално внимание обратете на фактот,дека каде што има зимзелени дрвја,обично почвата е кисела.

Ветар. Во првите 2-3 години од развојот,силниот ветер може да направи сериозни оштетувања на паyловнија. Тоа може да ги прекрши или да ги навали на една страна стеблата,а и лисјата можат да се скинат- штети,кои што дрвцето може да ги надмине,забавувавајќи го својот развиток. паyловнија расте многу брзо на заштитени од силни ветрови места.
СОВЕТ: Не наводнувајте кога има ветер!!! Влагата во корените ги ослободува корените и растенијата се навалуваат на една страна полесно!!!

1. Подготовка на теренот.

Добро е,кога го одберете теренот,кој ви одговара,тој да биде подготвен,да се изора и порамни. Кога ќе се користи сврдло со пречник од 60-100 см,може да не се ора нивата.

Терен, подготвен за садење на плантажа од паyловнија Ископување на дупка за садник паyловнија Ископување на дупка за садник паyловнија

2. Шеми за садење

Кога садењето е планирано,треба да се земе во предвид големината на работната опрема(трактори,косилки,цистерни).Од намената на садниците зависи и шемата за нивното садење. Кога одгледувате паyловнија со цел произведување на дрвесина и површината не е многу голема,а сакате максимум да ја искористите за да добиете поголема реколта,најдобрата шема за вас е 3х3м или 4х3м. Тоа е приближно околу 105 или 82 дрвца на декар. Кај оваа шема на четвртата година задолжително треба да се исечат преку едно како на шах,затоа што кога започнуваат да растат,започнуваат да си сметаат. После уште четири години во вашата шума пола од дрвцата ќе бидат на осум години и пола на четири години (овие,кои сте ги исекле на четвртата година,се регенерирале).Ги сечете осумгодишните. На овој начин започнувате да добивате реколта преку четири години -осумгодишни дрвја. Недостаток кај оваа шема е тоа,дека треба да се внимава кога се сечат дрвцата да не се скршат соседните,кое ја прави работата побавна за извршување.

Маркирање со спреј Маркирање со смеса од креч

Други популарни шеми се 4х4-63 бр./дка;5х4-50бр./дка или 5х5х-40бр./дка. Кај сите овие варијанти собирањето на дрвјата треба да се врши помеѓу осмата и десеттата година на голо сечење.

шума од паyловнија после сечење ново поникнати паyловнии 3 месеци после нивното сечење

 ново поникнати паyловнии 3 месеци после нивното сечење Кога се одгледува за биомаса во шема 2х0,5 м или 1х1 м, во еден декар се садат 1000 бр.

3. Садење

Времето за садење на садниците паyловнија го опфаќа периодот од ноември до крајот на април. Садници паyловнија се садат од крајот на април до крајот на август.

Следува маркирање и ископување на дупки,за кое се користи техика опремена со свредло со пречник 60см.Длабочината може да биде до 1 м.Тоа,дека дупките се длабоки до 1 м,не означува,дека дрвцатасе стават на дното им. Извадената земја се меша со минерално или арско ѓубриво и пола се враќа назад во дупката,додека таа стане длабока 30-40 см,потоасе става дрвцето.На овој начин под дрвцето се образува постела од мека и богата на хранливи материи земја,кое обезбедува брз развој на младите коренчиња.

Готова за садење фиданка паyловнија Садење на фиданка паyловнија

4. Наводнување

Водата игра важна улога во одгледувањето на дрвцето во првата и втората година.Потоа кореновиот систем се развива многу и ги достигнува слоевите со вода,поради што нема потребата да се наводнува. Најлесниот начин за наводнување на дрвцето е преку систем за наводнување капка по капка. Ако нема можност за тоа –наводнувајте по бразда. Едно дрвце има потреба од 20-30 л вода неделно,внесени со 1-2 наводнувања. Ако користите Terawet,потребата од наводнување намалува на пола.