паyловнија не е само уште едно егзотично дрво.Тешко е да се наведат сите области во кои се користат различни делови од неа,без да се пропушти некој.Дрвесина,лисја,сите имаат квалитети кои можат да ни послужат .
Целото растение – со исклучителниот брз развиток е мало богатство за еколозите.Тие знаат дека паyловнија со брзо развитие на кореновиот систем,е исклучително добра за пошумување на застрашени од ерозија терени.Тоа одамна е рутинска пракса во некои држави-пример- во САД,каде што ерозијата е постојан проблем.паyловнијаможе да се користи и за ново пошумување на шумски терени после пожар;освен наведените предности,преку големата количина падната маса од лисја,таа обезбедува природно ѓубриво на настраданите површини.
Се разбира, необичните квалитети на паyловнија, одамна ја претвориле во речиси задолжителен за паркови и градини растителен вид - не само за Азија, но и за САД и Европа. Огромните листови и големата круна,кои растат без да се потрбни години чекање,обезбедуваат густа сенка на местата за одмор,така парковите со паyловнија претставуваат пријатни ладни места помеѓу топлината и прашината на големиот град.За тоа-каква голема зелена ( и фотосинтезирашта) површина претставува оваа маса од лисја и колку многу јаглерод диоксид преработува,нема потереба да се зборува.Ако има дрво,чии претставници можаат да се наречат "белите дробови на градовите" - тогаш ова е паyловнија.
Самите листови имаат големина од околу 75 см во дијаметар, затоа нема ништо чудно во големите количини јаглероден диоксид, потребен за размената им, односно - огромните количини кислород, се испуштаат во атмосферата при нивната фотосинтеза. Масата од лисја од паyловнија одговара по состав состав за подготовка на храна за тревопасните животни - таасодржи приближно 20% протеини и квалитетите и се блиски до оние на луцерката. Достапноста и големите добивки обезбедуваат ниска цена на исхраната-еден од најважните параметри при изборот на сточна храна во индустриското сточарство. Тоа, сепак, не е единственото со што лисјата од паyловнија се ценат. Утврдено е дека тие содржат супстанци, кои влијаат позитивно врз работата на црниот дроб, бубрезите и жолчката, а исто така делуваат добро кај болести на белите дробови.Во Кина овие својства се познати одамна;таму и фармацевтичната индустрија се занимава со индустриско производство на лекови,базирани врз паyловнија. Листовите имаат и други својства-нивното користење во козметиката во азиските земји е исто толку старо колку и медицинската им примена,но за Европа тоа е новинитет;дури во последните години екстракти од листовите на паyловнија се вклучуваат во составот на креми и парфеми.Истото важи и за цветовите- мирисот од цветот од паyловнија се дефинира како "ванила, пудра и малку бадемов". Утврдено е, дека тоа се должи на хелиотропин - супстанција позната во козметиката и кој се наоѓаи и во други аромати (Таитјанска ванила).Анализата на ароматот на процутена паyловнија е извршена преку т.н. "GC mass spec" - метода, основана на гасна хроматографија и спектрометрија на масата. .
Не може да не се обрне внимание на уште еден дел од чудната паyловнија - големите цветови, кои секоја пролет полната нејзините гранки. Освен со убавина, тие се одликуваат и со премногу пријатен мирис. Пчелите, впрочем, оценуваат нивните предности и затоа од кошниците во близинана шумите со паyловнија, се добива мед со извонредни квалитети. Медот од паyловнија е лесен,проѕирен,многу светол и ароматен;по боја и конзистенција може да се спореди само со медот од акација.Точно како него,тој е со највисок квалитет.Освен како деликатес,тој е и средство за лечење.Познати се неговите својства да влијае при лечење на нронхитис и други болести на респираторниот систем,како и да ги подобрува функциите на жолчката и црниот дроб и варењето.Овие квалитети на медот од паyловнија се должат на биологичноактивни материи, кои се наоѓаат во цветовите и, така што нема ништо чудно во тоа, дека и самите цветови се користат за храна. Покрај кинеското искуство во овој поглед, не треба да пропуштиме модната неодамна употреба на цветовите од паyловнија како десерт во вид на инки полнети со крема,можно да звучи како екзотичен десерт,но веќе е дел од менито на некои европски ресторани.
Дури семињата на тоа прекрасно растение ја имаат својата примена: уште во 19-тиот век се користат за пакување и транспорт на фин кинески порцелан. Всушност, тоа е и начинот на кој паyловнија наоѓа својот пат кон САД.
Квалитетот на растението можат да се видат од следнава табела за споредување: :
Компаративна карактеристика по брзина на растење на првите 7 видови дрв,кои растат брзо на планетата. .
Од табелата се гледа,дека видовите од родот паyловнија ( Paulownia spp.) имаат најбрз развиток,кој не може да се спореди со никој друг дрвесен вид. .
Вид | Годишен прираст | Висина на 3 годишно дрво | Максимум висина на возрасно дрво |
паyловнија, Императорско дрво, Кири, (Paulownia spp.) | 3 – 5 м | 10,5 – 15,5 м | 15 – 20 м |
Врба хибрид (Salix spp. hybrid) | 1,5 – 4 м | 7,5 – 12 м | 15 – 25 м |
Црна топола (Populus nigra) | 2,5 – 3,5 м | 9 – 12 м | 20 – 25 м |
Хибридна топола,Источна топола,Источно памуково дрво (Populus deltoides) | 2,5 – 3,5 м | 9 – 12 м | 20 – 30 м |
Тексашки црвен даб (Quercus texana, Quercus nuttalli) | 2 – 2,5 м | 7,5 – 9 м | 15 – 20 м |
Црвен евкалиптус (Eucalyptus polyanthemos) | 2 – 2,5 м | 6 – 9 м | 10 – 15 м |
Плачеща врба (Salix babylonica) | 1,5 - 2,5 м | 4,5 – 9 м | 15 – 20 м |
* Податоците се земени од истражувања на територијата на САД
Одсите наведени видови, паyловнија најмалкубарања има во однос на квалитетот на почвата. Таа лесно се прилагодува на различни типови на почви, како единственото и специфично барање е постоењето на доволно влага во првите години од развојот.Растението живее долго - од 70 до 100 години, што го прави навистина исклучок од останатите видови,кои брзо растаат. При изборот на видот паyловнија треба да се води сметка за неговата отпорност на ниски температури. Познато е ,дека Paulownia tomentosa е отпорна на ладно до -27°С, Paulownia elongata – до -16°С, а Paulownia fortunei не е отпорна на температура под 0°С.
Фирма Велбој ЕООД обезбедува материјал за садење,кој не само што има брз раст, но и висока толеранција кон ниските температури во нашата земја.
Како веќе стана збор,видовите паyловнија со раст од 1 куб.м за 7-8 години,се едни од најголемите со брз раст на планетата дрва.Во време,кога пред воведување на секое ново нешто во производството или земјоделството,треба да помислиме дали тоа не е штетно за природата,во епоха,кога општеството најпосле започнува да го мери своето техничко напредување со степенот на зачувување на околината,паyловнија е едно мало богатство.Брзиот раст на дрвото е исклучително добар за добивање на големи количини биомаса за кратко време. Многу производители веќе ја користат оваа пракса во своите фарми ; густо засадени, паyловнии за кратко време достигнуваат потребниот раст, без да заземаат премногу плодна земја.Се користи целото стебло-стебло,листна маса и др.Биомасата од паyловнија одговара како за силажиране (односно за храна на земјоделски животни), така и за многу други намени, по кои и користењето и како алтернативен источник за енергетски извори. Една од најдобрите и перспективи е биоетанолот добиен од целулоза. Покрај бројните области каде што тој се користи во моментов, некои научници глеадаат во него горивото на иднината-лесно за производство и користење,без ризици за околината.Постојат два метода за добивање на биоетанол - едниот е со култивирани за целта микроорганизми, кои користат целулозата како извор на енергија и одделуваат етанол како производ на размените процеси;другиот е основан на дејството на определени ензимите,кои ја разградуваат целулозата до посакуваниот продукт.Иако вториот да е поевтин и почесто применет, и двата начина имаат предности и иднина. Како што веќе споменавме, биомасата од паyловнија е добар извор за производство на биоетанол,но далеку не е е само таа. При обработката на паyловнија и добивањето на дрво од неа, природно остануваат гранки и други делови, кои формално се нарекуваат отпад, ноне само што не се фрлаат, а и всушност се уште еден извор на целулоза за добивање на биоетанол. Така одгледувањето и обработувањето на паyловнија не само што се вклучува по природен пат во кружниот тек на супстанците во природата,ноактивно помага за одржување на еколошката рамнотежа и зачувување на природата на нашата планета.Од целулозата на растението се добиваат и така актуелните денес пелети. Тие се користат за гориво на котли,кои греат единечни домови или цели згради, како и за индустриски цели, а нивната употреба постојано се зголемува. Лесно и евтино добивање на биомаса е можно поради следниве квалитети на паyловнија:
- не бара повторно садење;при ниско сечење,од долу расте нова фиданка,а таа расте побрзо,поради тоа што кореновиот систем на растението е веќе развиен. .
- стеблото може се исече по секое време-не сме ангажирани со сезонски рокови за прибирање на родот. .
Практички ништо од растението паyловнија не се губи;ништо не загадува или не промења околината.Во ова смисла не е погрешно да го наречеме ,,Дрво на иднината”,затоа што нашата земја има иднина само ако се однесуваме кон ресурсите разумно и со неопходната нега. .
Един од интересните квалитети на дрвото паyловнија,се чудните својства на неговата дрвесина. Првото од нив е нејзината универзалност. Макар и да се користи со векови, денес се уште продолжуваме да се изненадуваме од многубројните намени - вклучително и такви за кои до сега не сме знаеле.Се разбира, стимул да се бараат нови и нови намени на дрвото од паyловнија се нејзините ниски трошоци. Откако ќе ги споредиме цената со квалитетот и, станува јасно, дека не сме далеку од идеалната дрвесина. .
Првото, што остава впечаток кај дрвесината паyловнија, е нејзината извонредна леснотија. Тоа е причина да се преферира при изработка на детали, кај кои ниската тежина е од клучно значење,имено воздухопловни конструкции, како и делови за бродови. Многу ценети е исто како материјал за касети, палети, готови производи за транспорт, бидејќи така се намалува вкупната тежина на товарот; тоа доведува до помала потрошувачка, можност да се превезува повеќе продукција, а оттаму - односно до пониска цена на превозот, кое, во крајна линија, е целта на секој кој се занимава со логистика.Не одамна овој вид дрвесина е омилена и за внатрешни решенија при производство на автомобили. Соодветна ја прават комбинацијата на квалитети, како малата тежина е само едно од нив.
Друга таква е ниската содржина на влага и нискиот ризик од пожар на дрвениот материјал од паyловнија. Тој содржа вода од поредокот на 10-12%, тешко прима вода и поради тоа деталите изработени од него не се деформираат,така како сме навикнати да се случува со повеќе од изложените на влага дрвени делови.Причината за тоа е нејзината цврста влакнеста структура, предизвикано од посебната градба на клетките. Токму тоа ја прави паyловнија преферирана при избор на материјал за сауна и мебели.Нејзините квалитети ја прават пригодна за скоро за сите работи:детски играчки,ролетни,паркет и не на последно место на музички инструменти.Материјалот се одликува со специјални акустички својства,познати на мајсторите од Азија.Во последно времеод неа се изработуваат и европски музички инструменти, но и во оваа област развојот допрва претстои.
Често како недостаток на дрвесината од паyловнија се покажа нејзината ниска цврстина. Да, таа навистина е мек материјал и во многу области на примена тоа е голема предност. Постојат, се разбира, и такви во кои е потребно материјалот да е цврст. Во овие случаи се практикува фурнировање со цврсти дрвесини, како орев. Разликата во цената на таков производ,спореден со ист таков, изработен во целост од орев,е доста сериозна.тежината на двата производа е исто така разлишна и не на последно место,треба да се спомене дека противпожарните органи во повеќето земји ќе бидаат во ужас при видот на дом,полн со дрвесина од орев,додека паyловниевата (поради ниската содржина на смоли) поскоро тешко да се натера да гори.Всушност,во моментов доста производители вложуваат паyловнија во изработувањето на овие делови од мебелите,кои не се гледат;така достигнуваат мала тежина,цврстина,пониска цена и отпорност на деформација. Не можеме да пропуштиме да споменеме дека дрвениот материјал од паyловнија не се оштетува од дрвоеди. Овој податок највисоко го ценат во земјите, каде да се живее во дрвени куќи е пракса -ако ви се чини, дека тоа е нешто мало и неважно, сетете се како бабите ни зборуваа за оштетениот си мебел; некои од нас самите виделе старите им гардероби и шкафови, со дупки од овој паразит. Причинатае, дека за разлика од видовите,кои брзо растат од родот Quercus при кои танини се акумулираат во листовите, паyловнија акумулира танини во дрвесината, што ја прави отпорна на инвазија од дрвоеди и термити.
Често сроредуваат паyловнија со балсамовото дрво.Не може да се негира, дека последното има некои квалитети, но сепак - гледано во детали, паyловнија го надминува по неколку показатели. Пред се,за разлика од балсамовото,таа не впива лакови и епоксидни смоли;дури и вода,како наведовме пред тоа.Таа е причината да е преферирана при изработувањето не само на клупи за сауни,но и на различни видови на тркачки чамци-во комбинација со мала тежина и ниска цена.Примента и во спортовите не се исцрпува со тоа - од неа се прават даски за сурфање, сноу бордови и ски.
rВо опремувањето на домот речиси и да нема место каде паyловниевата дрвесина да не е пожелна - освен за ролетни, ламперии и мебел, по фурнировање,од неа се прави прекрасен паркет.Специјално за љубителите на применетата уметност, известуваме, дека материјалот од паyловнија, кој резбарите со задоволство обработуваат, токму заради мекоста му; во комбинација со тешката запалимост и недостатокот на деформации,тој е идеален за најсложената дрворезба. Не на последно место на листата од квалитети на оваа дрвесина, е нејзината мазна и недостаток на чворове. Интересен квалитет е способноста на гредите од паyловнија да задржат гвинтове во самиот крај без да се пукнат; тоа може да се види на сликата :
Изложените тука факти категорично докажуваат, дека паyловнија не е само уште еден вид дрво - тоа е начин да се прави бизнис. Неслучајно ја нарекуваат "Дрво - нафтен бунар"; таа навистина ќе ви донесе пари. Енергетика, фармерство, уметност или наука - во каква област да се Вашите бизнис интереси,таму ќе се најде место и за паyловнија-Дрвото на иднината.Со неа таа иднина ќе е побезбедно,потопло и сигурно.Секогаш има време да ги искористите можностите и се пак,најдобриот момент е сега!