паyловнија (Paulownia) е единствениот род брзорастечки дрва во сем. Paulowniaceae. Родот Paulownia вклучува во себе неколко видови, кои имаат слични својства и за тоа за нив се зборува под заедничкото име паyловнија.
Видови на паyловнија:
Paulownia australis
Paulownia catalpifolia
Paulownia coreana
Paulownia duclouxii
Paulownia elongata
Paulownia fargesii
Paulownia fortunei
Paulownia glabrata
Paulownia grandifolia
Paulownia imperialis
Paulownia kawakamii
Paulownia lilacina
Paulownia longifolia
Paulownia meridionalis
Paulownia mikado
Paulownia recurva
Paulownia rehderiana
Paulownia shensiensis
Paulownia silvestrii
Paulownia taiwaniana
Paulownia thyrsoidea
Paulownia tomentosa
Paulownia viscosa
Историски, оригиналното име на родот е Pavlovnia, но подоцна е променето на Paulownia. Наречено е така на името на кралицата Ана Павлова, ќерка на царот Павел I Петровиќ. Од истата причина дрвото уште е познато како "princess tree". Во Кина ја нарекуваат паyловнијата "змајско дрво", а во Јапонија - "кири". ".
Сите видови паyловнија се брзорастечки дрвја. Поради таа нивна карактеристика некои од нив како Paulownia tomentosa, Paulownia elongata, Paulownia fortunei и др. се користат за индустриско добивање на дрвна маса, биомаса, етанол, храна, хартија и други.
Користењето на паyловнија во Јапонија датира од пред 200 година од н.е. Традицијата наложувала , кога во семејството ќе се роди ќерка, требало да биде посадено дрво паyловнија. Кога таа ќе се омажи, дрвото се сечело и од го него изработувале нејзиниот ковчег за свадбата. Освен тоа, се верувало дека ако паyловнијата биде посадена во близина на домот, ќе дојде птицата Феникс и ќе донесе среќа.
Во историски план Кина е најголем производител на паyловнија. Дрвото на паyловнија се користи за правење на мебел, градежни конструкции, играчки, иверица, музички инструменти и амбалажа.
Во 19-тиот век паyловнија се појавува и на територијата на САД. Семето на паyловнија се користело како материјал за пакување при транспортот на префинето изработени чинии од порцелан преку Тихиот Океан. По отпакувањето малите семиња, кои биле однесени од ветерот се прилагодиле кон околината во источните држави.
Од 70-тите години на 20-тиот век Јапонија не е во состојба да произведува доволно паyловнија, за да ја задоволи зголемената побарувачка. Таму високо се цени изгледот на дрвесината и во повеќето домаќинства во Јапонија присуствува најмалку еден предмет или мебел, направен од паyловнија. Јапонија е најголемиот купувач на израснати дрвја паyловнија.
Најбрзорастечките сорти на паyловнија се клонирани за производство на лесна, здрава дрвесина, која може да се добива во период од 8 - 15 години. Само во Кина се одгледуваат 1,2 милијарди дрвја паyловнија.
Во 90-тите години на минатиот век се создаваат плантажи за одгледување на паyловнија главно во средноатлантските и југоисточните држави од Америка. Сега овие плантажи се подготвени за производство на високо квалитетна лесна дрвесина. Брзорастечката паyловнија претставува прифатлива алтернатива на својата се поретка дива разновидност, која се наоѓа во природни услови. паyловнија може да се користи како алтернатива на западниот црвен кедар, балса, маранти и американска липа. Во моментов плантажи од паyловнија има и во речиси цела Европа.
Освен за индустриско одгледување со цел производство на дрвесина, паyловнија се одгледува и како медоносно растение. паyловнијата цвета обилно, боите се богати со нектар, а медот добиен од нив - исклучително квалитетен. .
Обилнoто цутење, брзото растење, големите (околу 70 см во дијаметар) лисја, убавата круна и непретенциозноста на паyловнија ја прават исклучително погодно растение за паркови. Огромните лисја на паyловнија делуваат како филтер за прашината, а брзиот метаболизам, резултат на најбрзиот раст на дрвото, го прави фабрика за кислород.
Повторно поради причината дека паyловниите се брзорастечки дрвја, видовите од овој род се пригоден помошник за изградбата на појаси за заштита од ветер, обновување на опожарени шуми и како насади против ерозија.
Одгледувањето на паyловнија е исклучително профитабилно! Не напразно го нарекуваат "дрво-чудо" или "дрво- нафтен извор". Ако сакате индустриски да одгледувате паyловнија, ако се бавите со озеленување или едноставно сакате да знаете повеќе за дрвото- чудо, неговото правилно одгледување и карактеристики, вие сте дојдени на вистинското место!
Тоа што нудиме ние, тимот на Велбој ДООЕЛ, е различно од се!!!
Ние не продаваме само расад или фиданки, ние нудиме:
1. Проучување - имаме тим и техника кои ја проучуваат почвата и локацијата на теренот на идниот насад на клиентот.
2. Садење - располагаме со лесно преносливи машини и извршуваме садење на територијата на цела Бугарија.
3. Сервис и консултации - При склучување на договор го преземаме целосното опслужување на насадите и ги советуваме клиентите за секој еден од етапите на развој.
4. Во моментот увезуваме дрвесина од паyловнија, која е високо ценета суровина за производство на мебел. Во годините кога плантажите на нашите клиенти растат, ние ќе ја промовираме паyловнија на бугарскиот пазар со тенденција да понудиме откуп на дрвесината. .
Ако сакате да бидете плантатори на паyловнија, да засадите денес и навистина да "жнеете" утре, ние сме луѓето кои ви пружат рака и ќе ја држат до крај!!!