Почитувани,
сакаме да ви се заблагодариме за отделеното време и посетата на нашиот штанд на АГРОФУД 2012 кој што се проведе во Скопје. Со овој настан се виде големиот интерес на фирми и приватни инвеститори од дрвото паyловнија и во желбата се повеќе луге да инвестираат во приватни плантажи.
Балкан Грин Инвестментс ДООЕЛ е компанија која е со моќна ориентација кон агроиндустријата со амбиција да нуди се повеќе нови, иновативни и нетрадициони производи за македонскиот пазар со кое да збогати можностите за бизнис во агросекторот. Фирмата е ексклузивен застапник за Македонија, Косово и Албанија на Бугарската фирма VELBOY LTD., која е еден од најголемите производители на паyловниЈА – брзорастечко дрво за добив на биомаса и индустриски добив на дрвна маса. Расадот кој што нудиме е произведен исклучиво во ИН-ВИТРО лабораторија кое што овозможува да се добиват врвни резултати од секоја садница со гарантирани квалитетни карактеристики. Ви прикануваме да се зачлените на нашата фејсбук страна www.facebook.com/balkangreen преку која ке бидете во тек со најновите и актуелни информации во однос на паyловнија и сите производи кој нашата фирма ке нуди во најкус рок. Од таму исто ке мошете да се обраќате кон нас зо совет или преку некој од другите можни варианти за контакт.
*паyловнија може да се користи за ново пошумување на шумски терени после пожар, a преку големата количина падната маса од лисја,таа обезбедува природно ѓубриво на настраданите површини.
*Самите листови имаат големина од околу 75 см во дијаметар, затоа нема ништо чудно во големите количини јаглероден диоксид, потребен за размената им, односно – огромните количини кислород, се испуштаат во атмосферата при нивната фотосинтеза. Масата од лисја од паyловнија одговара по состав состав за подготовка на храна за тревопасните животни – таасодржи приближно 20% протеини и квалитетите и се блиски до оние на луцерката. Листовите имаат и други својства-нивното користење во козметиката во азиските земји е исто толку старо колку и медицинската им примена,но за Европа тоа е новинитет; дури во последните години екстракти од листовите на паyловнија се вклучуваат во составот на креми и парфеми. Истото важи и за цветовите- мирисот од цветот од паyловнија се дефинира како „ванила, пудра и малку бадемов“.
*Пчелите, впрочем, оценуваат нивните предности и затоа од кошниците во близинана шумите со паyловнија, се добива мед со извонредни квалитети. Медот од паyловнија е лесен,проѕирен,многу светол и ароматен;по боја и конзистенција може да се спореди само со медот од акација.
*Како веќе стана збор,видовите паyловнија со раст од 1 куб.м за 8 години, се едни од најголемите со брз раст на планетата дрва
*Брзиот раст на дрвото е исклучително добар за добивање на големи количини биомаса за кратко време. Многу производители веќе ја користат оваа пракса во своите фарми ; густо засадени, паyловнии за кратко време достигнуваат потребниот раст, без да заземаат премногу плодна земја.Се користи целото стебло-стебло,листна маса и др.Биомасата од паyловнија одговара како за силажиране (односно за храна на земјоделски животни), така и за многу други намени, по кои и користењето и како алтернативен источник за енергетски извори. Една од најдобрите и перспективи е биоетанолот добиен од целулоза.
*Првото, што остава впечаток кај дрвесината паyловнија, е нејзината извонредна леснотија. Тоа е причина да се преферира при изработка на детали, кај кои ниската тежина е од клучно значење,имено воздухопловни конструкции, како и делови за бродови. Многу ценети е исто како материјал за касети, палети, готови производи за транспорт, бидејќи така се намалува вкупната тежина на товарот.
*Ниската содржина на влага и нискиот ризик од пожар на дрвениот материјал од паyловнија. Тој содржа вода од поредокот на 10-12%, тешко прима вода и поради тоа деталите изработени од него не се деформираат.
Со Почит:
М. Илиев, Управител
Балкан Грин Инвестментс Дооел, Скопје